• сабота, 22 февруари 2025

Општина Велес поставува нови улични столбови и нови улични лед светилки  на дел од  улицата „Луј Пастер“

Општина Велес поставува нови улични столбови и нови улични лед светилки  на дел од  улицата „Луј Пастер“

Велес, 12 февруари 2025 (МИА) - Општина Велес преку фирма ангажирана од Македонски Телеком од денеска на дел од улицата „Луј Пастер“ во населбата Керамидна, што води покрај пругата Велес-Битола, почна со поставување нови улични столбови со нови улични лед светилки со подобра светлина, кои се и штедливи.

-Со ова улицата „Луј Пастер“,  а  на делот од крстосницата до поранешната Фабрика „Киро Ќучук“  со околу 150 метри, која со месеци беше неосветлена по нејзиноната реконструкција, за ден-два повторно ќе биде осветлена и тоа со најмодерно паметни лед светилки, место поранешните жолти светилки, информираат од Опшина Велес.

Потенцираат дека со поставувањето на новите улични светички во овој нов дел од Велес, ќе се зголеми безбедноста и на возачите, а посебно на пешеците во вечерните часови.

Промената на уличното осветлување во Велес почна во јануари и ќе трае три месеци. Светилките се од четири вида од 40, 45.55 и 85 вати, имаат животен век на над 100 000 часа  со одличен индекс на репродукција на бои и корелирана боја на светлина што значи дека ќе обезбедат квалитетно осветлување. Со поставување на новите улични светилки се вградува и електронска опрема со кои тие далечински ќе се управуваат, а ќе се постават и 92 улични ормари за надгледување и управување на самата електрична енергија, колку и каде се троши и сето тоа ќе биде поставено на софтверски систем на мапи. Ќе се информира и во кој дел од градот ќе има прегорени улични светички за да можат веднаш да се заменат со нови.

Како што најави градоначалникот Марко Колев, освен во Велес старите жолти улични светилки ќе се заменат со лед и во сите населени места во Општината, на  сите јавни објекти  и површини во Велес, како градските паркови, а повторно ќе биде осветлено и Мало Мовче, еден од симболите на Велес, кое со месеци е под мрак. ад/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан